Грција предупредена од можни терористички напади

Од:

Грција е меѓу земјите на ЕУ кои Европол ги стави во состојба на готовност поради можни терористички напади со автомобили-бомби од страна на џихадистите, соопшти анонимен претставник на грчката полиција, јави дописникот на МИА од Атина.

Државната новинска агенција АНА-МПА информира дека предупредувањето било издадено во саботата и е во сила до 17 јануари.

Тоа вклучува и еден или повеќе од седуммината џихадисти чии имиња и фотографии ги објавил Европол по терористичките напади во Франција. Европската полициска агенција побарала од сите членки на ЕУ да ја известат ако кој било од нив помине низ граничните контроли и да бидат во состојба на готовност доколку го направат тоа.

Според информациите,џихадистите биле обучени во Јемен и имаат врски во Либан, Саудиска Арабија и Русија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит