Грција: Пациентите кои прележале Ковид-19 ќе добијат само една доза вакцина

Од:

Луѓето кои прележале Ковид-19, во Грција ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината и тоа во период од шест до 12 месеци по заразувањето, соопшти попладнево претседателка на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду.

Во однос на процесот на имунизација во земјата, генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, рече дека денеска надминале пет милиони вакцинации од кои над три милиони се однесуваат на првата, а останатите на втората доза.

Во Грција, со првата доза вакцинирано е 31 отсто од населението, а 17,2 проценти се целосно имунизирани.

Најголем дел од вакцинираните во Грција се со вакцината на Фајзер (2,1 милиони), потоа следат оние кои ја примија вакцината на АстраЗенека (740.000 граѓани), Модерна (307.000) и над 80.000 лица со Џонсон и Џонсон.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он