Грција одреди 40 пусти острови кои можат да се дадат под концесија

Од:

Грчката агенција за приватизација одреди 40 пусти острови, кои претставуваат интерес за туризмот и можат да бидат дадени под закуп за период од 30 до 50 години.

Островите имаат добар терен, не претставуваат никаква опасност за националната безбедост и имаат добра инфраструктура.

На листата се нашле острови со површина од 500.000 до 3.000.000 метри квадратни кои може да се искористат за туристички цели и ќе може да се изнајмат за период од 30 до 50 години.

Меѓутоа пред да продолжи планот за изнајмување на островите прво ќе треба да биде изгласан закон кој ќе дозволи проценка на државното земјиште и од трети странки и ќе го намали бројот на дозволи за градење и заштита на животната средина кои ќе бидат потребни.

Агенцијата при изготвување на списокот проценила 562 острови од 6.000 острови кои се проценува дека се во склоп на грчката територија.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк