Грција: Oдлука Парламентот да работи со летни парламентарни групи, опозицијата незадоволна

Од:

Владејачката двопартиска коалиција во Грција ненадејно донесе одлука за прекин на работата на Парламентот во пленарна сала и неговата функција да биде преземена од летни парламентарни групи, во кои ќе учествуваат една третина од пратениците, јавуваат грчките медиуми.

Ненадејната одлука предизвика незадоволство кај опозицијата, која во очекување на најавените владини промени алармира дека тоа е обид на Владата да ги протурка со сигурност нацрт-законите, наметнати од тројката меѓународни кредтори како услов за следната транша од меѓународната финансиска помош на земјата.

Двете партии од грчката коалиција меѓу Нова демократија и ПАСОК располагаат со слабо мнозинство од 152 од вкупно 300 пратеници и тешко би можеле да се справат со донесувањето на неопходните закони за продолжување на меѓународната финансиска помош.

Атина очекува две транши од по една милијарда евра во јуни и јули.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит