Грција го отфрли барањето на Меѓународниот монетарен фонд за дополнителни намалувања на работни места до 2014 година, кое и беше упатено во последна минута, јавуваат светските медиуми повикувајќи се на извор во грчкото Министерство за финансии.
Според истиот извор, ММФ синоќа побарал, освен веќе предвидените 27.000 работни места, до 2014 година да бидат намалено уште 22 илјади, јави дописникот на МИА од Атина. Барањето било упатено пред денешниот состанок на еврогрупата кој е решавачки за следната транша од помошта за Атина.
Грчкиот Парламент неодамна го одобри планот за штедење кој го бараа меѓународните кредитори ЕУ и ММФ. Мерките предвидуваат намалување на околу 125 илјади јавни службеници до 2016 година.