Полицијата во Грција утрово постави барикади на патиштата во областа Тракија, за да ги фати седмината затвореници, кои избегаа од затворот Ферес.
Нивното бегство е откриено рано изутринава, пренесе грчката агенција „Ана“.
Се претпоставува дека побегнале така што ја скокнале високата ограда.
Полицискиот синдикат наведе дека затворот е привремен и дека од него затворениците се преместуваат во затворот Комотини, во кој ги служат казните.
Официјални лица од полицијата на северна Грција пристигнаа на лице место, а големата потрага е во тек по бегалците обвинети за продажба на наркотици и луѓе.