Грција: Од нас побараа да отвориме камп за околу 400.000 мигранти

Од:

Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон поставил прашање за создавање на камп за 300-400 илјади мигранти во Грција, изјави денеска вториот грчки министер за миграциска политика Јоанис Музалас.

Според него, прашањето било поставено вчера на средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ, што се одржа во Амстердам.

– Шенгенскиот договор е во опасност на европско ниво. Европа е во страв, истакна Музалас, додавајќи дека ситуацијата во Грција во однос на бегалската криза е сериозна.

Грчкиот министер нагласи дека центрите за регистрација и идентификација на мигранти ќе бидат готови кон крајот на месецов, а на почетокот од март веќе ќе почнат да функционираат.

Во текст за денешното издание на „Фајнешал тајмс“ новинарот Гидеон Рахман предлага Грција да ја затвори границата, да прими мигранти и да создаде бегалски кампови на островите во замена за отпишување на грчкиот долг, што ќе биде прифатено од Германија.

Германија, Австрија и Шведска се заканија со исклучување на Грција од Шенген зоната доколку не ги преземе неопходните мерки за ограничување на бегалскиот прилив.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор