Грција очекува појаснување од Германија за шпионирањето на електронската пошта на грчките граѓани

Од:

Грчкото Министерството за надворешни работи соопшти дека очекува од Германија објаснување во врска со информациите во медиумите дека германските служби за безбедност ја шпионирале електронската пошти на грчки граѓани.

– Меѓу пријателите, партнерите и сојузниците постојат определени правила за соработка и етика. Сигурни сме дека германската страна итно ќе ни одговори, се вели во соопштението.

Министерството напоменува дека и Германија има забелешки кон САД во врска со случајот за прислушување на канцеларот Ангела Меркел.

Грчкиот весник „Та неа“ вчера објави дека германската разузнавачка служба ги шпионирала мејлови и мобилни телефони на граѓаните од 195 држави вклучувајќи ја и Грција, во рамки на операција за борба против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит