Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис нема да прифати никаков договор на средбата на Еврогрупата, што треба да се одржи идната недела, изјави неименуван владин извор.
Тој наведе дека Грција ќе побара надминување на разликите во ставовите се додека Атина не биде во состојба да ја претстави новата програма за долгот и реформите, јавуваат грчки медиуми.
– Нема да прифатиме никаков договор, кој не е поврзан со нова програма, посочи владиниот извор.