Грција не се согласува со предлогот на ЕК за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто

Од:

Грција начелно не се согласува со предлогот на Европската Комисија за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат нивните веќе доставени предлози, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грчката Влада начелно не се согласува со предлогот на Комисијата за намалување за 15 отсто на употребата на природниот гас. Поднесовме низа предлози и во однос на цените, односно економската димензија на природниот гас и во однос на снабдувањето. И ќе инсистираме на овие предлози, рече Иконому.

Додаде дека ќе останат на нивниот став дека „насоката на овие предлози може да донесе многу суштински и клучни решенија„ за справување со енергетската криза во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент