Грција не може повеќе да издржи со рестрикциите, тврди грчки министер

Од:

Грција не може повеќе да  издржи под притисокот на рестрикциите и мерките за штедење, изјави грчкиот министер за здравство Адонис Георгијадес во интервју за Би-Би-Си.

– Реалната состојба во земјата е следнава: Грчкото општество е под огромен притисок. Грција три години е под притисок на строгите мерки на штедење и тоа повеќе не може да се издржи, изјави Георгијадес.

Запрашан дали меѓународните кредитори ќе ионсистираат на дополнителни рестрикции во замена за исплата на нови транши од пакетот за спас, Георгијадес рече дека на претставниците на „тројката“ им пренел дека Владата не може да спроведува дополнителни мерки за штедење, затоа што „општеството тоа не може да го издржи“.

Тој ја отфрли идејата за излез на Грција од еврозоната.

– Сите оние што веруваа и веројатно се залагаа за истапување на Грција од еврозната, беа демантирани. Сакам да им кажам на сите Британци дека Грција ќе остане членка на еврозоната и во следните децении, потенцира Георгијадес.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица