„Грција – најбогатата земја во светот“ е мото на новата кампања за грчкиот туризам

Од:

Грција лансира нова кампања за промовирање на туризмот под мотото „Грција – најбогатата земја во светот“.

Новата кампања, претставена од министерот за туризам Олга Кефалојани, содржи четири видеопораки, кои ќе бидат објавени на Интернет во неколку етапи.

– Грција изминатите години се претвори во една од најсиромашните земји во Европската унија, но сака да го поттикне развојот на туризмот и економијата, тврдејќи го спротивното и покрај тоа што станува збор само за богатството на нејзното културно наследство и за историјата, пишува грчкиот портал „Грик рипортер“.

– Целта на кампањата е да испрати позитивна порака до населението и вработените во секторот на туризмот и да ја потенцира универзалната убавина на Грција, рече Кефалојани.

– Таа не спомена ништо за рекордната невработеност, која достигна 30 проценти, за се поголемиот број на самоубиства, за луѓето кои останаа без покрив над главата или за се посилното чувство на беспомошност на Грците, коментира порталот.

– Да ја покажеме нашата најдобра страна. Да ја покажеме љубовта кон оваа земја. Да им покажеме на другите колкусме гостопримливи. Да го покажеме високото ниво на професионалност. Да го откриеме скриеното богатство на Грција, составено од вредности, историја и спомени. Брендот Грција е семоќен, опстојува во секоја криза, нагласи министерката.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит