Грција ќе добие пари само при почитување на преземените ангажмани

Од:

Грција ќе добие пари само при почитување на преземените ангажмани и придржување кон програмата, изјави портпарол на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги.

Тој ја истакнал неопходноста од постигнување договор меѓу Владата на Грција и меѓународните кредитори, пишува грчкиот весник „Етнос“.

ЕЦБ објави дека продолжувањето на нејзините „привилегирани“ минимални барања за кредитен рејтинг на грчките обврзници се заснова на техничкото проширување на програмата на Европскиот стабилизациски фонд до крајот на февруари 2015 и на проширувањето на спасувачката програма на ММФ.

– Тоа исто така се базира и на претпоставката за успешно завршување на актуелниот преглед за извршување на грчката програма и на договорот меѓу грчките власти и ЕК во соработка со ЕЦБ и ММФ, додал портпаролот.

Банката додаде дека продолжувањето на нејзината програма за пристап на грчките банки до свежо финансирање ќе зависи од исходот на преговорите на властите во Атина со главните кредитори на земјата и на ноцата условна превентивна кредитна линија на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит