На вчерашниот референдум во Грција вкупно 61,31 процент од гласачите се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи.
На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.
Грчките гласачи на вчерашниот референдум одлучуваа дали владата во Атина да го прифати или отфрли предлог договорот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на седницата на Еврогрупата на 25 јуни.