Грција категорично ги отфрла написите во медиумите за насилно враќање мигранти

Од:

Категорично ги отфрламе обвинувањата за насилно враќање мигранти, вели министерот за имиграција и азил на Грција Нотис Митаракис по објавените натписи во медиумите дека постои насилно и намерно враќање, во кое била вклучена и грчката крајбрежна стража, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грчките граници се граници на ЕУ и ние функционираме во рамките на меѓународното и европското право за нивна заштита. Нелегалните бранови се крајно опасни и треба да се спречат според Заедничката декларација од 2016 година, за која ЕУ мора да обезбеди правилно спроведување. Европа останува цел за мрежите на криумчари кои ги експлоатираат луѓето кои сакаат илегално да влезат во ЕУ. Не се извинуваме за нашата континуирана посветеност за уништување на овие мрежи за трговијата со луѓе и за заштита на европските граници, вели Митаракис.

Би можело да ве интересира

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски