Грција и Русија разговараат за можноста за дополнителна помош со руски авиони за гаснење на пожарите

Од:

Можноста Русија да испрати во Грција дополнителни воздушни средства за справување со пожарите била разгледана за време на одвоените телефонски разговори што денеска ги имаа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас со нивните руски колеги Михаил Мишустин и Сергеј Лавров.

Мицотакис, како што соопштија од неговиот кабинет, му се заблагодарил на Мишустин за рускиот авион Бериев Бе-200 кој учествува во гаснењето на пожарите во Грција и разговарале за можноста за дополнителна помош.

Премиерот на Русија, освен што изразил поддршка за Грција во името на рускиот претседател, ја повторил и поканата, Мицотакис да ја посети Русија, која грчкиот премиер ја прифатил и се очекува посетата да се оствари пред крајот на годинава.

Билатералните посети на есен, продлабочувањеto на билатералните односи, како и руската помош во справувањето со пожарите, биле темите на кои се фокусирале шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во телефонски разговор.

Дендиас, како што напиша на „Твитер“, побарал од Лавров да се разгледа можноста за испраќање уште еден руски Бериев Бе-200.

Дополнително, министерот за надворешни работи на Грција денеска телефонски разговарал и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, којм како што напиша Дендиас на „Твитер“, го информирал дека ќе испратат во Грција два противпожарни авиони со оглед на тоа дека пожарите во Турција се под контрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа