Грција и кредиторите можат да постигнат договор до 18 август

Од:

Договор меѓу Грција и нејзините кредитори може да биде постигнат до 18 август, под услов да постои „добра волја“, рече портпаролот на грчката Влада, Олга Геровасили.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во изјава за радиото „Реал ФМ“, таа ја отфрли можноста и потребата за дополнителни реформи, истакнувајќи дека сите пишани договори се однесувале само на „два пакети“, кои веќе се донесени од страна на грчкиот Парламент.

– Ниту еден друг предлог официјално не е на дневен ред или на маса во овој момент, рече таа.

Геровасили истакна дека целта е да се потпише договор до 18 август, а првата ревизија да биде спроведена по околу три месеци. Уште една од целите на Владата е што побрзо да почне расправата за долгот.

Во врска со можноста за евентуални предвремени избори, таа изјави дека целта на Владата е „да ги заврши клучните елементи на договорот, без промена на дневниот ред во таа насока, а потоа да иницира други процеси, вклучувајќи и избори, ако се неопходни“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната