Грција го ограничува работното време на угостителските објекти

Од:

Во повеќе делови на Грција, меѓу кои и острови што се популарни туристички дестинации, од денеска се воведува ново, ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови и слично, односно ќе треба да затвораат на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерката денеска стапува во сила и ќе важи до 23 август, а се однесува на регионот источна Македонија и Тракија, на градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крит, Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, вчера, соопштувајќи ја мерката, рече дека во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата.

Со одлуката на Владата, сите угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично во конкретните области забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он