Грција ги раскара демохристијаните на Меркел

Од:

Влијателниот германски пратеник Волфганг Босбах од редовите на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел најви дека ќе се повлече од политиката за да не гласа против својата партија во врска со Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Босбах се противи на продолжување на финансиската помош за Грција се додека не бидат дадени гаранции дека Атина ќе го почитува договореното.

– Секое гласање е знак на солидарност со Федералната влада, а јас не сакам да бидам крава која што секогаш мора да биде донесена до стадото, на симболичен начин ја објаснува овој 62-годишен пратеник својата позиција во врска со Грција.

И покрај тоа што двајцата највлијателни политичари во Германија, канцеларката Меркел и министерот за финансии Шојбле побараа поддршка од Парламентот во пресрет на ратификацијата на новиот договор со Грција, се уште не е сигурно дека в петок може да се очекува зелено светло за програмата за Грција.

Главниот проблем на германската влада на ова гласање нема да биде партијата Левица или Зелените, туку пред се конзервативците од владејачката коалиција кои бараат поголема одговорност од партиите при трошење на парите од даночните обврзници.

Според сегашните анализи, сепак в петок Меркел може да се надева на поддршка од Парламентот за новиот договор со Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит