Грција ги отфрла тврдењата дека има кампови за обука на терористи

Од:

Грчкото Министерство за надворешни работи ги отфрли сите информации во некои турските медиуми дека во Грција има кампови за обука на терористи.

„Категорично ги отфрламе и ги демантираме таквите тврдења, кои во последно време без докази повторно се појавуваат во некои турски весници. Во Грција немало и нема кампови на терористи, ниту пак центри за обука на терористи. Земјата стана жртва на тероризам и застана во првите редови на меѓународната борба против тероризмот, стои во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Според грчкото МНР тврдењата во турските медиуми „ги поткопуваат односите меѓу двете земји“. Потенцираат дека Грција била меѓу првите држави кои го осудиле терористичкиот напад пред Амбасадата на САД во Анкара.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната