Грција ги отфрла барањата од Турција за демилитаризација на островите

Од:

Ги отфрламе во целост неодамнешните обвинувања на турските официјални лица за статусот на островите во Егејското Море. Не само што не се во согласност со основните принципи на меѓународното право, туку тие ја надминуваат и едноставната логика, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, одговарајќи на новинарско прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми изјавата на Папајоану доаѓа по барањата од турска страна, преку министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, за демилитаризација на островите во Егејското море.

Папајоану додаде дека грчката позиција за конкретното прашање е позната, постојаниот претставник на Грција во ОН испратил писмо до генералниот секретар на ОН, а Грција „останува посветена на принципите на меѓународното право и е подготвена за конструктивен дијалог со Турција, врз основа на овие принципи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот