Грција ги олесни правилата за влез за патниците од нејзината „зелена листа“ на земји

Од:

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, на денешниот состанок, како што соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, едногласно, одлучила да се воведат одредени промени поврзани со туризмот и начинот на влез во земјата.

Како што објасни Хардаљас, за државјаните на земјите од зелената листа дозволен ќе биде влез со рапид (брз) тест наместо со ПЦР, а за децата под 12 години, нема да биде потребен тест. За оние од портокаловата и црвената категорија, правилото останува непроменето, односно задолжителен е тест за сите со наполнети шест години.

-Од останатите трети земји дозволен ќе биде влез во земјата според обележувањето на секоја земја во зелена, портокалова и црвена боја. За зелените земји важат постоечките правила. За портокаловите земји дозволен е влез на лица кои се вакцинирани, со вакцините признати од нашата земја и откако направиле ПЦР тест 72 часа пред нивното заминување. Исклучени од оваа одредба се граѓаните од земјите кои се наоѓаат на црвената листа и за кои продолжува да важи одредбата за карантин од седум дена, рече Хардаљас.

Дополнителни детали и појаснувања околу земјите ќе соопшти Министерството за туризам на Грција.

Во однос на мерките во Грција, Хардаљас соопшти дека за да се избегнат редиците пред продавниците, од сабота, во внатрешноста, ќе биде дозволено по едно лице на 16 метри квадратни, а не на 25 како што беше досега; ќе се отворат игротеките, но само на отворено; а одново ќе бидат отворени и луна парковите.

Од 1 јули, ќе почнат да работат и кино салите со 50 отсто од капацитетот, а за посетителите задолжителен ќе биде или негативен селф тест или сертификат за вакцинација.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција соопшти дека надлежната комисија одлучила, вакцинираните да можат да вежбаат без маска во фитнес центрите.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната