Грција ги намалува платите на државните службеници за 30 отсто

Од:

Платите на државните службеници во Грција следната година ќе се намалат за 30 отсто, во склоп на мерките за штедење, во замена за меѓународна финансиска помош.

Според грчките медиуми, министерството за финансии испратило циркуларно писмо во кое наведува дека платите ќе се намалат во опсег од 6 до 30 проценти.

Освен на државните службеници платите ќе бидат намалени и на корисниците на “специјални плати” на полицајците, лекарите, судиите, дипломатите, универзитетските професори.

Грчкиот парламент неодамна донесе пакет мерки за штедење, врз основа на кои буџетскиот дел за државните службеници во следната година се намалува за 5,4 милијарди евра.

Кризата во Грција оваа година секое семејство го осиромаши за околу 2.000 евра, а последниот додаток од по 400 евра за грчките државни службеници ќе го добијат кон крајот на оваа година за Божиќ, бидејќи бонус на плати повеќе нема да се исплаќа.

Медиумите предупредија дека политиката за штедење на грчката влада катастрофална во секторот за труд и вработување. Секој ден без работа остануваат околу 2.000 работници.
Приходите на вработените оваа година намалени се за 15,1 отсто, додека невработеноста во приватниот сектор достигна 33 отсто.

Во Грција, стапката на невработеност за оваа година се зголеми за 18,8 отсто, а повеќе од 54.000 работни места се укинати.

Само во октомври, невработеноста во Грција забележа нов рекорд, откако се зголеми за 0,67 отсто во однос на септември и од 12,1 отсто во споредба со октомври минатата година.

Во Грција, во октомври имало 777.768 невработени. Од вкупниот број на невработени лица 63,7 отсто се на возраст меѓу 30 и 54 години, а 26,1 отсто помлади од 30 години. Невработени со повеќе од 50 години се 10,04 отсто. Според пописот, во Грција има околу 11 милиони жители.

Министрите за финансии на ЕУ веќе разговараа за оваа помош, но не постигнаа договор.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски