Грција до понеделник ќе претстави листа со реформи

Од:

Грција до понеделник на своите партнери од еврозоната ќе им испрати листа со економски реформи, изјави портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис.

– Реформите ќе ги претставиме најдоцна до понеделник, истакна портпаролот и додаде дека тие нема да вклучуваат мерки, кои ќе го попречуваат растот.

Според претставници на Владата мерките може да вклучуваат зголемување на возраста за пензионирање и на туристичките такси, јави ДПА. Владата исто така сака да преземе мерки за справување со перењето пари и затајувањето даноци.

Грчката лева Влада и кредиторите од еврозоната се договорија минатата недела дека Атина треба да претстави листа со реформи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит