Грција демантира дека имало негативни реакции за одлуката на Атина за прелет на руски авиони

Од:

Грчкото Министерство за надворешни работи ги негираше извештаите за наводна „непријатност“ која и е изразена на Атина по нејзиниот став за барањето на Москва да го користи грчкиот воздушен простор за летови со хуманитарна помош за Сирија.

– Не само што немаше непријатност или каков било друг негативен коментар, изразен кон грчката Влада од која било страна во врска со дозволата за прелет на грчкиот воздушен простор, туку, напротив, начинот на кој Грција се справи со ова прашање е високо ценет, се вели во пишана изјава на портпаролот на грчкото МНР, Константинос Кутрас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките медиуми пред неколку дена објавија дека САД побарале од Грција и Бугарија да забранат користење на нивниот воздушен простор од 1 до 24 септември на авиони со хуманитарна помош и дипломатски персонал за Сирија поради растечката загриженост дека Русија го зајакнува военото присуство во Сирија. Грција соопшти дека го испитува американското барање, но не откри други детали.

Руското МНР денеска соопшти дека барањето на Вашингтон до Грција и Бугарија да го затворат нивниот воздушен простор за руски летови кон Сириза е еднакво на „меѓународно безобразие“.

Во меѓувреме, руската Амбасада во Атина денеска соопшти дека Грција одобрила прелетување на руски авиони со хуманитарна помош за Сирија уште на 31 август.

– Дозволата за прелети на авионите беше примена на 31 август и оформена во нота на грчкото МНР, соопшти прес-службата на Амбасадата.

Официјална Атина вчера соопшти дека Русија планира да користи воздушен пат во источниот дел на Грција, што значи дека употребата на грчкиот воздушен простор за такви летови не е проблем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит