Грчкото Популарно единство демантира дека има 29 членови

Од:

Новоформираната парламентарна група во грчкиот Парламент, „Популарно единство“ издаде соопштение во кое потврдува дека има 25 пратеници.

Претходно беше соопштено дека на групата и се приклучиле уште четворица пратеници на Сириза, но тоа е демантирано.

– Ќе се обидеме да му дадеме глас на народот кој гласаше не на референдумот, изјави поранешниот претник на Сириза кој сега е дел од „Популарно единство“ Костас Лапавицас.

– Ќе продолжиме по анти-меморандумскиот пат, кој ја направи Сириза она што е, се додека не стана про меморандум партија. Ќе ја продожиме анти-меморандумската политика, истакна тој за ЕРТ.

На новинарско прашање дали групата преговара и ќе соработува со други партии, Лапавицас рече дека „Популарно единство создава фронт на кој грчкиот народ може да се потпре“.

Новата парламентарна група е побројна од третата избрана партија во Парламентот, Златна зора, и според Уставот, ќе го добие третиот мандат да формира влада.

Според Уставот на Грција, ако една влада поднесе оставка во рок од една година од последните избори, претседателот на земјата треба да врачи прелиминарен мандат на лидери на опозицијата, кои ќе се обидат да формираат влада, почнувајќи од најголемата партија. Мандатот трае три дена и ако напорите не успеат, мандатот и се доделува на втората по големина опозициска партија, а потоа на третата.Ако сите овие обиди да се формира нова влада пропаднат, тогаш претседателот закажува избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит