Грчкото обвинителство нареди истрага за документарецот за „Златна зора“

Од:

Грчкото обвинителство нареди истрага за документарниот филм емитуван на британската телевизија Канал 4 во кој е прикажан кандидат за пратеник на неофашистичата Златна зора како повикува да се направи сапун од имигрантите.

Документарецот, насловен „Чистачите“ кој го сними студентот по филмска режија Константинос Јоргусис, го следи Александрос Пломаритис низ Атина еден месец минатото лето, и прикажува членови на партијата кои отворено разговараат за тепање имигранти.

Во филмот Пломаритис вели „подготвени сме да ги вклучиме рерните“ и повикува од имигрантите да се направат сапун и лампи.

Портпаролот на Златна зора Илиас Касидиарис го опиша видеото како „трагикомично“ а ставовите прикажани во него „смешни“.

„Бев преплашен од тоа што овие членови беа горди да ги изразат своите екстремни идеи отворено во јавност за време на кампањата. Бев шокиран од нивното непријателство и од начинот на кој тие ги третираат имигрантите во Атина“, вели Јоргусис пишувајќи за неговите искуства додека снимал.

Тој, исто така, истакнува дека на моменти бил „загрижен од нивото на поддршка од страна на грчкиот народ“.

Во изјавата за вестите на Канал 4, пратеникот на Нова демократија Андонис Јоргиадис рече дека мислењата изразени од страна на поддржувачите на Златна Зора „не се мислења на мнозинството Грци“.

Тој истакна дека екстремната десничарска партија е срам за грчкото општество и демократија, но додаде дека грчкиот народ е под голем притисок и оти тоа предизвикало некои избирачи да го дадат својот глас за Златна зора.

– Со оглед на тоа што мојата земја се соочува со финансиска и социјална пропаст, Златна зора стана главен вентил за бесот на јавноста, рече Јоргиадис.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк