Грчкото Обинителство ги истражува обвиненијата за полициска бруталност врз осомничени крадци

Од:

Обвинителството во Атина нареди денеска истрага во врска со обвиненијата дека полицијата употребила прекумерна сила врз четворица осомничени крадци во една банка, од кои тројца се осомничени дека се припадници на домашна терористичка организација.

Обвинителеството одлучи да спроведе истрага, откако семејствата на уапасените ги обвинија властите дека тие се измачувани во затворот.

Момчињата на возраст од 20 до 24 години се уапсени во петокот во северна Грција, набргу по грабежот во една банка.

Полицијата објави четири фотографии на осомничените, со цел да добие повеќе информации за нив. Фотографиите се изменети со дигитална технологија, а на нив се гледаат траги од модринки по лицата на тројца од уапсените.

Полицијата само соопшти дека осомничените биле вооружени со автоматски пушки и оти се уапсени „за време на операција“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната