Грчкото барање ја подели Владата во Берлин

Од:

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел денеска излезе со помеки тонови кон грчкото барање за шестмесечно одлагање на обврските кон кредиторите.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за разлика од Министерството за финансии кое што предлогот го отфрли како „несуштински“, Габриел, кој е лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), смета дека понудата на грчката Влада да преговара за продолжување на реформската програма е прв чекор кон изнаоѓање решение за проблемот со Атина.

Ваквата изјава на Габриел во дел од европската јавност се толкува како спротивставување на ставот на коалицискиот партнер, Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и причина за можна криза во германската Влада.

Според Габриел, Германија и ЕУ треба да го искористат новиот однос на грачката Владата како почетна позиција, а не однапред да се одбиваат предлозите.

– Пред да се отфрли целосно предлогот на Атина. еврогрупата и Европската комисија треба да влезат во сериозни преговори со Грција, изјави Габриел, додавајќи дека е прерано да се каже какви се шансите да се постигне договор со Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит