Грчките земјоделци утре ќе се сретнат со владини претставници во Атина

Од:

Делегација на грчките земјоделци и одгледувачи на добиток утре во Атина ќе се сретнат со заменик претседателот на Владата, Јанис Драгасакис и претставници на министерствата за финансии, труд и за земјоделство.

– Нашата 17-члена делегација која ќе учествува на состанокот очекува од Владата да предложи мерки за олеснување на високите трошоци за производство, изјавил претставник на земјоделците.

Во меѓувреме, фармерите ќе продолжат да го блокираат граничниот премин Евзони кон Македонија, а од 15 до 17 часот по локално време ќе се блокира и граничниот премин Дојрани.

Земјоделците во цела Грција го чекаат исходот од утрешната средба со владина делегација, по што ќе се состанат за да одлучат за идните чекори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит