Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини „Ники“ и „Евзони“ со Македонија

Од:

Неколкучасовни блокади на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, но само за камиони, најавија за денеска грчките земјоделци, кои продолжуваат со нивните активности во пресрет на утрешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците од северозападна Грција од 12 часот по локално време го затворија преминот Ники, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, додека пак сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија од грчка страна се одвива регуларно.

Блокадата според најавите се очекува да трае до 15 часот по локално време.

Земјоделците од северниот дел на земјата преку Поликастро претпладнево се упатија кон граничниот премин Евзони, со цел неколку часа да го блокираат сообраќајот на товарни возила, меѓутоа на неколку пат попатно наидоа на полициски блокови кои успеаја да ги избегнат преку локални и споредни патишта.

Кусо по 13 часот по локално време со тракторите стигнаа на граничниот премин, но според информациите на дописничката на МИА од Атина, до 13.30 часот по локално време сообраќајот и на автомобили и на камиони се одвиваше регуларно.

Претставници на земјоделците, вкупно 15 лица од цела Грција утре напладне ќе се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина, а не е исклучена можноста доколку нема договор на утрешната средба, дополнително да ескалираат активностите и да резултираат со целосни блокади како на автопатите така и на граничните премини.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски