Грчките власти стравуваат од експлозија во запалениот ферибот „Норман Атлантик“

Од:

Грчките власти стравуваат од можна експлозија во запалениот ферибот „Норман Атлантик“, за ТАСС изјави почесниот руски конзул на островот Крф и другите острови во Јонско Море, Никос Канулас.

-Пожарот е многу сериозен. Огнот се шири од долу, од најниските палуби, каде се наоѓаат автомобилите. Таму, освен лесни возила има и многу камиони, меѓу кои и три цистерни со нафта. Генерално, има многу запалливи материјали, изјави Канулас.

Грчките спасувачи се обидуваат да не дојде до експлозија. Офицери на локалната военопоморска база ми кажаа дека огнот е многу силен и дека дури и металот се топи, додаде конзулот.

Канулас информира дека патниците на фериботот се главно Грци, Италијанци и Французи.

Контролата за спроведување на операцијата и е предадена на италијанската страна, затоа што неупотребливиот ферибот влегол во италијански територијални води.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит