Грчките власти на боливискиот брод најдоа околу пет илјади пушки

Од:

Грчките власти соопштија дека е завршена претрагата на сите 14 контејнери на бродот „Хадад 1“ кој од вторникот се наоѓа на пристаништето Ираклион на Крит.

Властите пронашле 4.881 пушки соодветни за користење при урбано војување, и 491.881 парчиња муниција од девет милиметри. Во повеќето контејнери биле пронајдени и голем број илегални цигари.

Постапувајќи по разузнавачки информации, грчката крајбрежна стража, придружувана од воени специјални сили, во вторникот го пресретна бродот и по извршената инспекција, на него пронајде контејнер со оружје. Тој пловел од Турција кон Либија. Потоа бродот беше одведен на пристаништето Ираклион на Крит.

Бродот „Хадад 1“, кој пловел под боливиско знаме, има седум член екипаж составен од Сиријци, Египјани и Индијци кои се изведени пред јавен обвинител.

„Катимерини“ прво јави дека бродот и припаѓа на грчка компанија, и оти сопственикот и операторот со бродот „Хадад 1“ се регистрирани на иста адреса во Пиреја. Сепак, според изнесени докази, компанијата која го поседува бродот е со седиште во Александрија, Египет и нема никаква поврзаност со Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит