Нова демократија и ПАСОК заедно должат 365.000 евра за придонеси за социјално осигурување, покажаа проверките спроведени во првата половина од годинава, јави дописникот на МИА од Атина.
Одговарајќи на писмено пратеничко прашање, министерот за труд Јанис Вруцис соопшти дека проверките на неплатените придонеси во јуни откриле дека Нова Демократија должи нешто повеќе од 256.000 евра, а ПАСОК има долг од повеќе од 109.000 евра.
Двете партии ги должат парите на грчкиот главен фонд за социјално осигурување фонд, ИКА, кој од 2009 година бележи пад на приходите за околу една четвртина.