Грчките судови со пресуди против членови на Златна зора

Од:

Советот на грчкиот Апелациски суд го продолжи за шест месеци притворот на Јоргос Рупакис, кој пред една година го уби раперот Павлос Фисас, јави дописникот на МИА од Атина.

Според пресудата, обвинетиот, кој е обвинет за убиство на 34-годишниот музичар и затоа што е член на криминалната организација Златна зора, ќе биде задржан во притвор уште шест месеци во очекување на почетокот на судењето.

На 21 септември ќе се наврши токму една година откако Рупакис е во затвор, во очекување на судскиот процес за убиството што ја покрена судската истрага за нелегалните активности на неофашистичката партија Златна зора како криминална организација.

Вториот налог за апсење на Рупакис беше издаден во октомври минатата година, под обвинение за учество во криминална организација. Во меѓувреме, кандидатот за пратеник на Златна зора на парламентарните избори во 2012 година е осуден условно на една година затвор поради тоа што во документарен филм изјави дека „сака да направи сапун од мигрантите“ и „да направи ламби со нивната кожа“.

Александрос Пломаритис бил снимен во документарниот филм „The Cleanersс“ (Чистачите) како отворено ги кажува своите намери во еден атински кварт чиј кандидат беше на изборите.

Пломаритис пред судот во Атина рекол дека не зборувал за мигрантите, туку за „левичарите“ и оти се работело за „приватен разговор„, за шега меѓу пријатели“. Документарецот, дело на студентот по кинематографија Константинос Јоргусис, бил емитуван во многу ограничен круг во Грција.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица