Грчките пратеници утре во 14 и 30 ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа

Од:

Поради долгата листа на пријавени пратеници за збор, гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент ќе се одржи утре во 14.30 часот по локално време.

-На состанокот на претседателите, едногласно беше одреден следниот временски рок. Денеска расправата ќе трае до 1:30, ќе продолжи утре сабајле, а гласањето ќе биде попладнето во 14:30. Тоа е едногласна одлука за да можат да се обратат сите колеги, соопшти еден од потпретседателите на Парламентот, Спирос Ликудис, за време на расправата.

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он