Грчките острови повторно горат, големи пожари на Крит и Евија

Од:

Големите пожари во Грција не стивнуваат, по островот Хиос, денес избија два нови на грчките острови Евија и Крит.

Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

Единица од Дирекцијата за справување со подметнати пожари, по наредба на началникот на Противпожарната служба на Грција, замина на островот Евија со цел да ги истражи причините за настанување на пожарот.

Од противпожарните сили на терен излегоа вкупно 57 пожарникари, 20 возила, два пешадиски тимови, два авиони и еден хеликоптер.

На островот Крит, според локалните медиуми, пожарот бил локализиран во близина на населено место и делумно е ставен под контрола.

Во гаснењето учествуваат 15 припадници на противпожарните сили со седум возила, јавија грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“