Грчките опозициски партии реагираат за одлуката германските тенкови да се испратат на Еврос, а не на островите

Од:

Грчките опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена реагираат за изјавата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека оклопните возила Мардер кои земјата ги доби од Германија во замена за старите ΒΜΡ-1 што ги испрати во Украина, ќе се упатат на Еврос, а не на островите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека оклопните возила BMP-1 се повлекуваат од островите без замена, а „Мицотакис изјавува дека е многу пооптимист“, додека пак од ПАСОК – Движење на промена коментираат дека со повлекувањето на старите тенкови од островите во источниот дел на Егејското море се создава празнина, која може да се пополни „само со поставување на оклопни возила со еднаква или подобра огнена моќ од BMP-1“.

Одговорниот за одбрана во ПАСОК – Движење на промена Василис Кекероглу и секретарот за одбрана во партијата Томас Хаѕитанасиу во соопштението се прашуваат „што се смени од изјавата на Владата од пред неколку месеци дека отстранувањето на BMP-1 од островите во источниот дел на Егејско Море ќе се случи само по нивна итна замена со ново стекнатите германски Мардер“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашната прес конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц откри дека тенковите Мардер ќе ќе одат на Еврос, „бидејќи армијата смета дека таму ќе бидат покорисни“.

На крајот на мај Мицотакис и Шолц, се договорија Грција да ги испрати во Украина старите оклопни борбени возила ΒΜΡ-1 со германско потекло и истите да бидат заменети со 40 тенкови Мардер што Берлин ќе ѝ ги отстапи на Атина, а првите оклопи возила веќе пристигнаа во Грција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната