Грчките новинари стапија во нов 24-часовен штрајк, во знак на протест против владините мерки за штедење кои негативно се одразуваат на нивната здравствена заштита.
Поради штрајкот на новинарите не се емитува телевизиска и информативна програма, а на интернет сајтовите не се поставуваат нови вести. Утрешни весници нема да има во продажба.
Во исто време, пратениците на грчкиот парламент ќе гласаат за нацрт-законот за приватизација, кој, како се проценува, ќе биде прв голем тест за владеачката коалиција.
Новиот закон ќе и даде на владата поголеми овластувањаа во приватизацијата на јавни претпријатија. Меѓутоа на законот му се спротивставуваат многу пратеници од редовите на социјалистите и Демократската левица.