Грчките медиуми со навредливи коментари за македонскиот народ

Од:

„Светот се смее со циганоскопјаните“ пишува денеска грчкиот информативен портал „Њузнау“ пренесувајќи го текстот од француски „Ле Поинт“ дека Македонија е земја што не постои, пренесува МИА.

Порталот пренесува дека францускиот весник напишал оти „скопјаните немаат идентитет и затоа крадат приказни од други“.

Текстот на „Ле Поинт“ и е познат на македонската јавност откако пред неколку дена го објави „Нова Македонија“ по што до весникот стигнале и реакции од  наши изреволтирани иселеници во Франција.

Како и да е, грчките медиуми секојдневно наоѓаат начин како да пишуваат навредливи текстови за нашата земја, при што често користат туѓи авторски написи.

По испадот на пратеникот на Златна зора Илијас Панајотарис минатиот месец во грчкиот Парламент кога Македонците ги нарече „циганоскопјани“, очигледно е дека некои грчки медиуми го присвоија овој израз, со цел да го навредат македонскиот народ.

Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас вчера на оваа тема изјави дека не е негово да ги коментира позициите на другите партии и оти терминот што бил употребен никако не го изразува ставот на Владата.

Сепак, директна осуда на ваквите навреди кон Македонците, засега од грчките власти – нема.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор