Грчките лекари и учители денеска почнуваат со штрајк

Од:

Вработените во секторите здравство и образование, како и во судскиот систем во Грција почнуваат штрајкувачки активности, соопштуваат локалните медиуми.

Од денеска штрајкуваат лекарите вработени во најголемата државна агенција за здравствени услуги ЕОПИИ, пишува весникот „Прото тема“. Во среда ќе одлучат колку ќе траат нивните протестни активности поради неисплатени обврски кон нив.

Фармацевтите и натаму не пополнуваат рецепти за осигурениците во ЕОПИИ поради истите причини. На 12 септември, 24-часовен штрајк почнуваат лекарите во болниците, а следниот понеделник ќе штрајкуваат сите државни болници во земјата.

Во среда, ден по почетокот на учебната година, штрајкови почнуваат наставниците од државните и приватни образовни институции. Тие протестираат против драстичното намалување на платите и сериозните измени во условите за работа, како на пример, зголемувањето на работните часови, пишува „Етнос“.

Средствата за покривање на потребите на училиштата, исто така, се намалени. Следната недела протест ќе имаат и судиите и обвинителите.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната