Грчкиот премиер Андонис Самарас ги поддржа кратењата во државниот сектор, нагласувајќи оти тие се неопходни со цел повторно да се придвижи економијата.
Во рамките на договорот на грчката Влада со меѓународните кредитори, предвидено е намалување на бројот на припадниците на обезбедувањето во училиштата, на вработени во локалната администрација, на наставничкиот кадар и на вработените во различни министерства.
– Што преферирате да имате припадници на обезбедување во училиштата, кои не работат нешто суштински или медицински сестри во државните болници, кои се грижат за вас?, истакна Самарас во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Прото тема“.
– Можеби овие мерки се непријатни за некои луѓе, но за мене приоритет се невработените, чиј број изнесува 1,5 милиони и за кои никој не се грижи, нагласи Самарас.