Познатиот грчки политичар, поранешен вицепремиер и министер, Теодорос Пангалос изјави дека не е во состојба да ги плати даноците на своите недвижности и ќе мора да продаде еден од имотите.
Во интервју за солунскиот весник „Ангелиофорос“, Пангалос наведува дека не може да ги исплати даноците и поради тоа се обидува да продаде еден од своите имоти, но засега е без успех.
– Без никакво чувство за хумор во овој момент не сум моќен да ги платам даноците кои ги должам. Продавам имоти, но никој не купува, истакна Пангалос.
Весникот потсетува дека од минатата година овој политичар изјавува дека не може да ги плаќа даноците.
– Немам пари. Не можам да платам. Нека ме уапсат, изјавил Пангалос.