Грчкиот парламент го одзема имунитетот на лидерот на Златна зора

Од:

Грчкиот парламент го укина денеска имунитетот на лидерот на грчката ултра-десничарска партија Златна зора Никос Михалолиакос, со што се овозможува започнување кривична истрага против него, јавуваат грчките медиуми.

Сите, освен еден од 224 присутни пратеници на седницата на грчкиот Парламент гласаа за одземање на пратеничкиот имунитет на Михалолиакос и уште двајца пратеници Христос Папас и Јанис Лагос.

Истовремено со одржувањето на седницата, пред Парламентот протестираа приврзаници на Златна зора.

Михалолиакос и уште пет пратеници од редовите на Златна зора пред неколку месеци се уапсени под обвинение за водење криминална организација во рамките на истрагата против партијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит