153 од 300 пратеници во грчкиот парламент ги одобрија новите мерки за штедење, а со тоа Грција ја добива следната транша од помошта во висина од 31.5 милијарди евра.
Против гласаа 128 пратеници, а 18 беа воздржани.
Пред гласањето, во говорот пред пратениците, премиерот Самарас рече дека е доведена во прашање иднината на Грција и апелираше да глазаат „за“.
Мерките, што во наредните две години треба да заштедат 13,5 милијарди евра, а се однесуваат на намалување на платите и пензиите и зголемување на даноците, се од клучно значење дали Грција ќе добие финансиска инекција од меѓународната заедница.