Грчкиот министер за финансии ќе се сретне со претставници на кредиторите

Од:

Шефовите на мисиите на четирите институции кои ги претставуваат грчките кредитори денеска треба да имаат прв воведен состанок со министерот за финансии Еуклид Цакалотос и за економија, инфраструктура, шпедиција и туризам Јоргос Статакис.

Според извори во Министерството за финансии, како што јави дописникот на МИА од Атина, средбата треба да се одржи во хотелот каде што се сместени четворицата шефови на мисиите.

Истите извори велат дека разговорите на техничко ниво продолжиле и вчера, со цел да се утврди стапката на долгорочниот раст на грчката економија и на клучните фактори кои го одредуваат тоа.

Тие, исто така, објавија дека имало специјален состанок, на кој меѓу другото, се разговарало за даноците за трети страни, кои доверителите сакаат да се укинат и за предлози да се формира меѓуресорска комисија за да се поедностави добивањето дозволи за бизнис.

Коментирајќи ги информациите на „Фајненшл тајмс“ за (не)учеството на ММФ во програмата за помош на Грција, изворите истакнале дека Фондот учествува во разговорите и оти ставот на фондот за потребата за отпишување на долгот на Грција не е нов.

Грција во моментов преговара со претставници на Европската комисија, Европската централна банка, ММФ и Европскиот механизам за стабилност за третиот пакет финансиска помош и за мерките кои се неопходни за новите кредити.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит