Грчкиот министер за реконструкција на производството, животна средна и енергетика Панајотис Лафазанис ќе разговара во Москва со руски претставници за сорабоката меѓу Грција и Русија во сферата на енергетиката, соопшти прес-службата на Министерството за енергетика.
Лафазанис заминува утре во посета на Москва на покана на рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Тој в понеделник ќе разговара со Новак за енергетски прашања со акцент на врските меѓу двете земји во сферата на енергетиката.
Лафазанис во Москва ќе се сретне и со претседателот на Газпром, Алексеј Милер, со претставници на Државната дума и на Владата.