Грчкиот државен совет одлучи дека универзитетската полиција не е противуставна

Од:

Грчкиот државен совет, односно органот што ја штити уставноста во Грција денеска донесе одлука дека формирањето универзитетска полиција не е противуставно и не ги нарушува принципите на академската слобода, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката Влада ќе воведе универзитетска полиција, односно „Тимови за заштита на универзитетски институции“, а здруженија од неколку Универзитети, студентски здруженија и организации од Советот на државата побараа да ја разгледа уставноста на владината одлука.

Претседателот на Советот соопшти дека на денешната седница, меѓу другото било одлучено дека конкретниот закон не ги нарушува принципите на академската слобода и ниту една негова одредба не укажува на загрозување на другите индивидуални слободи (синдикат, развојот на личноста, движење итн).

Министерката за образование Ники Керамеос преку „Твитер“ рече дека законот на Министерството за образование и Министерството за внатрешни работи за заштита на универзитетските институции е уставен, додавајќи дека динамично ја унапредуваат нивната политика за „модерна и безбедна средина на знаење, на настава и истражување, каква што заслужуваат универзитетите“.

Министерот за цивилна заштита Такис Теодорикакос, во чија надлежност е полицијата, исто така преку социјалните мрежи ја коментираше одлуката, велејќи дека продолжуваат „со план и решителност за безбедноста на студентите и професорите на универзитетите, што е предуслов за надградба на универзитетите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната