Грчки суд покрена обвинение против 64 лица за аферата „Сименс“

Од:

Грчките власти покренаа обвинение против над 60 лица, кои ќе бидат изведени пред суд во врска со корупциски скандал од пред 17 години, во кој е вмешан и германскиот индустриски гигант „Сименс“.

Истрагата откри дека грчката држава загубила околу 70 милиони евра од договор за продажба во 1998 година на опрема од Сименс на грчката телекомуникациска компанија ОТЕ.

Судот вчера одлучи дека 64 грчки и германски државјани треба да бидат изведени пред суд по обвиненија за поткуп и перење на пари. Меѓу осомничените се поранешни официјални претставници на Сименс и ОТЕ, како и поранешен благајник на грчката партија ПАСОК.

Двајца од главните осомничени веќе ја напуштиле Грција, а други живеат во Германија. Датум за судскиот процес се уште не е одреден. Обвиненијата може да резултираат со пресуди од максимум 20 години затвор. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит