Грчки пратеник се приклучи на штрајкот со глад на сириските бегалци пред Парламентот

Од:

Грчки пратеник им се приклучи на сириските бегалци, кои започнаа штрајк со глад пред Парламентот во Атина во знак на протест поради одбивањето на Владата да им помогне да заминат во други европски земји.

Јанис Михелојанакис, пратеник на опозициската партија СИРИЗА, изјави дека одлучил да штрајкува откако било соопштено дека двајца демонстранти починале – едниот од инфаркт, а другиот додека се обидувал да ја премине границата со Албанија.

– Должност на еден пратеник е да биде тука, на улица, на страна на слабите, а не внатре во луксузниот Парламент, истакна 51-годишниот опозициски пратеник, додавајќи дека тој протестира и поради буџетот за 2015 година, кој се очекува да биде изгласан утре, како и поради новите мерки за штедење, условени од меѓународните кредитори.

Владата во вторникот соопшти дека не може да направи ништо за да им помогне на бегалците, бидејќи ниту еден од нив не поднел барање за азил или престој.

Околу 300 сириски бегалци, меѓу кои има жени и деца, од 19 ноември се наоѓаат пред Парламент со барање да заминат во други европски држави, а некои од нив започнаа штрајк со глад.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит